Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) отсекогаш била строга, но приказната на еден корисник на Reddit не враќа во далечната 1950 година, кога работите се решавале малку поинаку.
Неговиот дедо, играч на аматерскиот клуб Грејс Атлетик, бил дел од скандалот со таканаречените „пари во копачки“ (boot money). Во тоа време, на аматерите им било забрането да примаат плата, но клубовите биле снаодливи, играчите по натпреварот наоѓале плико со пари во своите копачки во соблекувалната.
Кога ФА започнала истрага, дедото бил повикан на сослушување. Го прашале дали знае за парите и дали примил нешто. Тој, како вистински џентлмен и лојален соиграч, одбил да признае и да ги „потопи“ своите колеги.
Резултатот? ФА му се заблагодарила на искреноста (или дрскоста) и му доделила 2-годишна суспензија! Но, бидејќи тогаш немало интернет и бази на податоци, дедото едноставно го сменил името и продолжил да игра за друг клуб под псевдонимот „Џони“.
„Понекогаш се збунуваше кога луѓето викаа ’Џони!’, бидејќи тоа не му беше вистинското име“, се пошегува неговиот внук.
Легендата вели дека дури и во своите 90-ти години, дедото со насмевка раскажувал како ја „дриблал“ ФА цели две години. Вистински „Old School“ шмекер!
My Grandad was banned by the FA from playing Football (1950)
byu/User-mine insoccer



