Кога попрво: Преку ноќ осамна мурал на Езе во дресот на Арсенал!

 

Објавено:

Навивачите на Арсенал очигледно се многу возбудени за веста дека фудбалерот на Кристал Палас, Еберечи Езе ќе се приклучи на нивниот тим. Во синоќешниот пресврт, играчот кој го договараше трансферот во Тотенхем, сепак ќе заврши на Емиратите, во клубот од чија академија започна неговата фудбалска приказна.

Синоќа, веднаш по објавувањето на веста, осамна и мурал во негова чест во тунел надвор од стадионот, на кој тој го носи дресот на Арсенал.

Извор: https://x.com/northbanksyafc

Муралот е дело на артистот кој се нарекува себе си “North Banksy”, а неговата улична уметност често е поврзана со “топџиите”. Тој досега има посветено и цела изложба посветена на клубот, наречена “Тунелот”.

Извор: https://x.com/northbanksyafc
Извор: https://x.com/northbanksyafc
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено