7.8 C
Skopje

Кои возачи и официјално ќе возат за Ф1 тимовите идната година?

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

На средината на сезоната во Формула 1 имаше многу шпекулации за драстични промени на гридот за идната сезона, но откако страстите се смирија и тимовите полека почнаа да ги потврдуваат возачите, некако полека се оформува сликата за што ќе гледаме наредната година.

Можби најголема неизвесност владееше во тимот на Мерцедес, кои вчера конечно потврдија дека Џорџ Расел и Кими Антонели продолжуваат со договор за идната сезона.

Сепак, едногодишниот договор кој го потпишаа укажува дека Мерцедес би можеле повторно наредната година да пробаат да го донесат четирикратниот шампион Макс Верстапен во своите редови, а се шпекулира дека и возачот на Ферари, Шарл Леклер разгледува други опции за годината потоа.

Извор: https://www.mercedesamgf1.com

По официјалната потврда од Мерцедес, сега остануваат неизвесни уште четири места на гридот и тоа повторно Ред Бул се оние кои ја креираат неизвесноста на гридот.

Освен Макс Верстапен, ниту еден друг возач не е потврден во првиот или вториот тим на Ред Бул, каде моментално се наоѓаат Јуки Цунода, Лијам Лосон и Исак Хаџар. Се зборува дека младиот Хаџар кој вози одлична дебитантска сезона би можел да го замени Цунода во првиот тим, но многумина сметаат дека не би требало толку рано да се пушти на местото кое досега се покажа кобно за кариерата на многу поискусни возачи.

Извор: https://x.com/redbullracing

Покрај Ред Бул, слободно место има и во тимот на францускиот Алпин. Освен Пјер Гасли кој потпиша нов договор со тимот, второто место сè уште не е потврдено. Тие оваа сезона веќе направија промена, откако првично започнаа со Џек Дуан, но откако тој не покажа задоволителни резултати во првите трки, веднаш го сменија со Аргентинецот Франко Колапинто кој имаше огромна поддршка од јужноамериканската фан база. Сепак, ниту Колапинто не покажа некои особени резултати на трките, па останува прашањето дали ќе продолжи и наредната сезона да вози за можеби најконтраверзниот тим на Флавио Бријаторе.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено