Кој би рекол? Ублажена казната за Кристијано Роналдо од страна на ФИФА

Објавено:

Каде е драмата, таму е и ФИФА да ја реши. Секако, во корист на оние кои се најгледани. Сагата околу тоа дали Кристијано Роналдо ќе го пропушти стартот на неговиот, веројатно, последен Мундијал, заврши со резултат кој го предвидоа сите велеа дека „нема шанси“ да биде строго казнет.

Откако во квалификациите против Република Ирска, Роналдо доби директен црвен картон за тоа што му удри еден „мек“ лакт на дефанзивецот Дара О’Шеј, беше јасно дека го очекува најмалку три меча суспензија, што е стандардна казна за насилно однесување. Еден меч, рутинската победа од 9-1 против Ерменија, Португалецот веќе го одработи.

Дисциплинската комисија на ФИФА одлучи дека лактот на Роналдо е сериозен инцидент и заслужува… три натпревари!

И сега доаѓа најдобриот дел од оваа ФИФА-логика. Великодушните господа и дами одлучија последните два меча од суспензијата да бидат суспендирани во рамки на „една година пробен период“. Тоа значи: ако 40-годишниот ветеран се однесува примерно во наредните шест месеци, тој е слободен да игра.

Со други зборови, целата работа се сведува на само еден одработен меч (против аутсајдер), а Кристијано Роналдо сигурно ќе биде присутен за големиот настан во САД, Канада и Мексико.

Ова секако е огромно олеснување за организаторите на Светското првенство (кои, да не заборавиме, се истата организација – ФИФА!), бидејќи би било катастрофа еден од најголемите светски фаци, кој неодамна беше и во Белата куќа со Џани Инфантино, да го пропушти почетокот на неговиот шести Мундијал.

Заклучок? Насилното однесување во фудбалот, според ФИФА, денес вреди колку еден „лесен“ меч против Ерменија. Толку од моралниот кодекс и строгите казни!

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено