Кој е најдобриот фудбалски клуб? Барса, Ливерпул и ПСЖ меѓу номинираните!

Објавено:

Пет светски фудбалски клубови се најдоа меѓу номинираните за најдобар фудбалски клуб изминатата година, за престижната награда Златна топка.

Интересно е оваа година што меѓу европските гиганти се најде и бразилско изненадување, но по нивниот настап на Светското клупско првенство, ние би рекле дека Ботафого и повеќе од заслужено се меѓу најдобрите пет.

За најдобри клубови оваа година се номинирани: Барселона, Ботафого, Челси, Ливерпул и ПСЖ.

Конкуренцијата е огромна, а сите клубови постигнаа значителни резултати изминатата сезона. Барселона ја освои Ла Лига, Челси го освои трофејот на Светското клупско првентсво, Ботафого кои покажаа одлична игра на Светското клупско првенство и изминатата сезона ја освоија титулата во Бразилскиот шампионат, Ливерпул кои се освојувачи на Премиер лигата и ПСЖ кои освоија триплета изминатата сезона, освојувајќи ги Купот на Франција, Лигата 1 и трофејот во Лигата на шампионите.

Од листата оваа година ги нема финалистите од Лигата на шампионите Интер, италијанскиот шампион од Серија А, Наполи, ниту шпанските гиганти од Реал Мадрид. На листата исто така изостануваат и германските клубови, што е голем удар за Бундеслигата оваа година.

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено