Ждрепката за Лигата на шампионите ни донесе неколку интересни дуели кои ќе се одиграат уште во раните фази од натпреварувањето, но и неколку играчи кои ќе се вратат на стариот терен откако летово направија трансфери во нови клубови.
Кевин де Брујне ќе има дури две средби со поранешните клубови. Тој со својот нов клуб, италијанскиот шампион Наполи, ќе се сретне со поранешните соиграчи од Манчестер Сити и Челси.

Александар Трент-Арнолд ќе се врати на Енфилд во својот сегашен клуб Реал Мадрид. Меѓутоа со моменталната ситуација на играчот во Реал и изостанувањето од англиската репрезентација за септемвриските мечеви против Србија и Андора, останува да видиме дали тој ќе заигра во својот стар дом.
Новото засилување на Ливерпул, Хуго Екитике ќе се врати во стариот клуб Франкфурт, а навивачите веќе со нетрпение го очекуваат неговото враќање.
– nothing to add.#SGE | #UCL | @hekitike9 pic.twitter.com/UCfsXY0UAz
— Eintracht Frankfurt (@Eintracht) August 28, 2025
Поранешниот играч на Челси, Бразилецот Давид Луиз ќе се врати повторно на Стемфорд Бриџ, овој пат со својот нов клуб Пафос.
Интересна ќе биде и средбата на двајцата поранешни соиграчи, кои ова лето добија нови клубови, па овој пат Олис и Езе ќе се сретнат повторно, овој пат како ривали во дресовите на Баерн Минхен и Арсенал.



