Кој ви е крив што немате „Магента“?

 

Објавено:

Сликата од Арената „Тодор Проески“ вечерва говори повеќе од илјада соопштенија. Централните блокови на трибините зјаат празни, шкотската „Тартан армија“ грми како да игра на домашен терен, а македонската репрезентација се мачи пред полупразен стадион. Но, според најновото соопштение од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), за ова не е виновна ценовната политика на Куќата на фудбалот. Виновни сме ние, бидејќи не знаеме математика и, се разбира – кој ни е крив што немаме „Магента“!

Откако јавноста (вклучително и нашиот портал) реагираше на фрапантната цена од 1.800 денари за билет во време кога националниот тим е во длабока резултатска криза, ФФМ реши да ни одржи лекција по економија и телекомуникации.

Патриотизам условен со мобилна тарифа

Според математичката гимнастика на ФФМ, билетите воопшто не биле скапи, бидејќи со фамозниот попуст преку „Магента“, реалната цена била 325 денари за најевтините, односно 1.170 денари за најскапите билети.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Ова е навистина револуционерен пристап во светскиот фудбал! Излегува дека љубовта кон македонскиот дрес и можноста да го бодрите својот национален тим од трибините зависи од тоа со кој телекомуникациски оператор имате потпишано договор. Ако сте корисник на друга мрежа или едноставно не користите одреден пакет – епа, кој ви е крив! Платете си 1.800 денари или гледајте на телевизија. Фаворизирањето на одредена група граѓани врз основа на нивните претплатнички договори е нешто што ФФМ очигледно го смета за врвен спортски маркетинг.

Она што ФФМ „елегантно“ заборави да го спомене

Во своето соопштение, ФФМ се обидува да ја спакува приказната велејќи дека 13.431 билет биле со основна цена од 500 денари (или 325 со Магента). Тоа што „заборавија“ да го објаснат е каде точно се наоѓаат тие седишта.

Тоа се местата во аглите на стадионот и зад головите. Она што најмногу ги интересира вљубениците во фудбалот – централните позиции на Јужната и Северната трибина – беа пуштени по цена од 1.800 денари. Дури и со „задолжителниот“ Магента попуст од 35%, цената изнесува 1.170 денари. За тим кој се мачи да постигне гол повеќе од 600 минути и нема победа на седум натпревари, ова е социјален нонсенс, без разлика колку проценти попуст ќе пресметате.

Copyright: SportStation.mk

Празните столчиња се најгласниот одговор

Убаво е што ФФМ ги отвори вратите на Западната трибина за децата од Детската лига – тоа е потег за поздравување и нешто што секогаш треба да се практикува. Но, користењето на децата како штит за да се одбрани неоправдано скапата политика за централните трибини е бледо алиби.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Федерацијата во соопштението дури и прозва членови на академската заедница, обвинувајќи за „креирање лажна слика“ и „манипулирање со бројки“. Но, вистината не се наоѓа во соопштенијата, туку на телевизиските екрани вечерва. Лажна слика ли се илјадниците празни сини столчиња на Јужна? Манипулација ли е фактот што шкотските навивачи се погласни од домашната публика?

Додека ФФМ се пресметува со критичарите и држи часови по применет маркетинг со мобилни тарифи, Арената остана празна, а фудбалерите останаа без потребниот ветер во грб. Операцијата успешна, стадионот полупразен.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено