Вчера вечерта англискиот фудбалски гигант Челси стана првиот шампион кој беше изгравиран на новиот трофеј на Светското клупско првенство кое се одржа во САД.
Кол Палмер кој постигна два голови во финалето беше прогласен за најдобар играч на турнирот, а наградата му ја презентираше претседателот на САД, Доналд Трамп.
Cold.@ChelseaFC | #FIFACWC pic.twitter.com/MUokmh89DU
— FIFA Club World Cup (@FIFACWC) July 13, 2025
Признанија беа доделени и за останатите играчи кои со својата игра се истакнаа на првенството. Гонсало Гарсија од Реал Мадрид беше избран за најдобар голгетер, Дезире Дуе од ПСЖ за најдобар млад играч и Роберт Санчез од шампионите Челси за најдобар голман.
Челси очигледно е подготвен за нова ера на чело со Енцо Мареска, а клубот продолжува да ги реди трофеите во најголемите фудбалски натпреварувања. Погледнете дел од атмосферата на доделувањето на трофејот!







