Верните навивачи на “црвено-црните” со видео на социјалните мрежи го најавија европскиот поход на нивниот Вардар.
Откако вчера беше објавено дека освојувачот на Купот во Македонија ќе се соочи со Ла Фиорита од Сан Марино, многу од навивачите се израдуваа за среќната ждрепка.
Првиот натпревар во рамките на УЕФА Конференциската лига Вардар ќе го одигра на гости во микродржавата Сан Марино на 10 јули, а реваншот во Скопје е закажан на 17 јули на Градски.
View this post on Instagram



