Вчера вечер фудбалерите на Вардар одиграа одличен меч од второто коло на квалификациите на УЕФА Конференциската лига, па со победа од 2:1 ќе одат на гости за реваншот во Швајцарија.
Денес навивачите на ФК Вардар, објавија повик за сите оние кои сакаат да бидат дел од гостувањето, со цел да се создаде одлична атмосфера и таму и можност за победа над фаворизираната Лозана и одличен резултат на својот тим.
Реваншот ќе се одигра на 31 јули во Лозана, Швајцарија.



