Фудбалската Европа е во шок по хаотичните сцени на натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид, каде Винициус Жуниор повторно стана мета на расистички навреди. Но, она што го „запали“ спортскиот свет не беше само инцидентот на теренот, туку реакцијата на тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо.
Мурињо го искористи името на Еузебио како штит
По натпреварот, Мурињо се обиде да ја дефокусира јавноста од наводните навреди на неговиот играч Џанлука Престијани, упатени кон Винициус. Португалецот изјави дека „најголемиот човек во историјата на Бенфика (Еусебио) е црнец“ и дека „нешто секогаш се случува онаму каде што игра Винициус“, индиректно обвинувајќи го Бразилецот за провокација.
Компани: „Ова е лидерски дебакл на Мурињо“
Венсан Компани не издржа и на денешната прес-конференција му одржа лекција на „Специјалниот“. Белгиецот беше брутален во својата анализа, обвинувајќи го Мурињо за недостаток на лидерство.
„Жозе Мурињо прави огромна грешка напаѓајќи го карактерот на Винициус за да го дискредитира она што се случи. Да се користи името на Еусебио за да се каже дека Бенфика не може да биде расистичка е апсурдно. Дали Жозе знае низ што поминуваа црните играчи во 60-тите? Дали патуваше со Еусебио на секое гостување?“, праша со остар тон Компани.
Сведоштвото на Мбапе: „Му кажа дека е мајмун пет пати“
Поддршка за Винициус стигна и од Килијан Мбапе, кој беше дециден во своето тврдење: „Јасно слушнав како Престијани му вели на Винициус дека е мајмун, и тоа пет пати“. Компани застана зад Мбапе, нагласувајќи дека такви емоции не можат да се одглумат.
Хипокризијата на Жозе
За крај, Компани го потсети Мурињо на неговите сопствени контроверзни прослави низ годините – од лизгањето на колена на „Олд Трафорд“, па сè до провокациите пред навивачите на Барселона.
„Кога Мурињо провоцираше со своите прослави, ако некој го навредеше на расистичка основа, јас прв ќе застанев да го бранам. Прославата на еден играч не смее да биде изговор за расизам. Мораме да ги браниме основните човечки вредности“, заклучи тренерот на Баерн.
Додека УЕФА ги собира доказите и видеата од „Луж“, јасно е дека овој случај ќе ги затегне односите меѓу големите европски клубови до максимум.



