Кошмарно деби за Арбелоа: Второлигашот Албасете го исфрли Реал Мадрид од Купот!

 

Објавено:

Само 48 часа по ненадејната смена на Чаби Алонсо, Реал Мадрид доживеа еден од најголемите срамни порази во поновата историја. Во дебито на Алваро Арбелоа како нов шеф на стручниот штаб, „кралевите“ беа елиминирани во осминафиналето на Копа дел Реј од второлигашот Албасете со 3-2.

Одлуката да се одморат ѕвездите се удри од глава

Арбелоа реши во Мадрид да ги остави најголемите ѕвезди – Килијан Мбапе, Џуд Белингам и Родриго, потценувајќи го противникот. Албасете го отвори резултатот во 42-та минута преку Хави Виљар, но Реал успеа да израмни пред самиот крај на првиот дел со голот на младиот Франко Мастантуоно.

Вистинската драма се случи во финишот на мечот. Резервистот Жефте Бетанкор во 82-та минута донесе нова предност за домашните (2-1). Кога Гонзало Гарсија израмни на 2-2 во 91-та минута по асистенција на Арда Ѓулер, сите очекуваа продолженија. Сепак, Бетанкор со својот втор гол во 94-та минута ги фрли во транс 16-те илјади навивачи на „Карлос Белмонте“ и го исфрли Реал од натпреварувањето.

Чаби Алонсо „одмазден“ по само два дена

Овој пораз доаѓа како директен одговор на брзоплетиот потег на Флорентино Перез да го отпушти Чаби Алонсо во понеделникот. Наместо „нова ера“ со Арбелоа, навивачите на Реал Мадрид видоа тим без идеја и лидерство, кој за првпат во историјата загуби од скромниот тим од Кастиља-Ла Манча.

Додека Албасете го слави историскиот пласман во четвртфиналето, во Мадрид веќе почнуваат сериозни дебати за тоа дали Арбелоа е вистинското решение за жешкото столче на „Сантијаго Бернабеу“.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено