Крај на „досадните“ трки? Експертите предвидуваат повеќе дефекти и драма во Ф1 од 2026

Објавено:

Се сеќавате ли на времињата кога болидите чадеа, експлодираа и застануваа среде патека? Ако ви недостасува таа неизвесност, имаме добри вести – 2026 година може да го врати хаосот во Формула 1!

Во последните две сезони, болидите станаа толку совршени што стапката на откажување е само 10.5% – најниска во историјата. Механичките дефекти станаа вистинска реткост, што (да бидеме искрени) понекогаш ги прави трките малку предвидливи.

Извор: https://www.the-race.com/

Мерцедес најавува: Подгответе се за „ризик“

Новите правила за моторите во 2026 година (50/50 поделба меѓу електрична енергија и гориво) се голем технички предизвик. Ендрју Шовлин, директорот за инженеринг на Мерцедес, смета дека токму тука лежи клучот за возбудата.

„Ќе има многу повеќе ризик (jeopardy) бидејќи ќе биде многу тешко да се направат овие болиди сигурни во раните години… Мислам дека одеднаш сигурноста ќе стане фактор што прави разлика, на начин на кој не била во последните сезони, вели Шовлин.

Историјата се повторува?

Статистиката е на страната на возбудата. Секогаш кога Ф1 воведува големи промени (како во 2014 или 2017), бројот на дефекти нагло скока. Со оглед на тоа што тимовите ќе имаат само 9 дена тестирање пред првата трка во 2026, подгответе се за драма, нервозни инженери и можеби – неочекувани победници!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено