По 12 незаборавни години, бројни титули и длабоко врежано наследство, Јусуф Поулсен официјално ја затвори најемотивната страница од својата кариера – заминува од РБ Лајпциг и преминува во новиот бундеслигаш Хамбургер СВ.
Од трета лига до фудбалски Олимп
Поулсен пристигна во Лајпциг во 2013 како 19-годишен талент од данскиот Лингби. Денес, заминува како легенда на клубот, рекордер по настапи (425), со 95 голови и 66 асистенции, и како човекот кој беше синоним за подемот на Лајпциг – од трета лига до полуфинале на ЛШ, две Куп титули (2022, 2023) и Суперкуп.
“Она што Јуси значи за Лајпциг не се мери само во бројки”, изјави спортскиот директор Марсел Шефер. “Тој е симбол на клубот, на градот и на сите моменти кои нè обликуваа како клуб”.
“Дванаесет години. Какво неверојатно патување!”, рече Поулсен во прошталното обраќање. “Среќен сум што бев дел од оваа авантура, горд сум на се што постигнавме”.
View this post on Instagram
Ново поглавје: ХСВ
Поулсен сега му се приклучува на Хамбург, кој по години исчекување се врати во Бундеслигата. Спремен да помогне, искусниот Данец прифатил намалена плата, додека Лајпциг му исплати специјална компензација во знак на благодарност.
“Тој не е само лице на Лајпциг, туку и на Бундеслигата”, изјави спортскиот директор на ХСВ, Стефан Кунц. “Јусуф ќе биде лидер на теренот и пример за тоа како се преживува и напредува во елитата”.
Симболично, првиот меѓународен натпревар што Поулсен го гледал бил токму меч меѓу Копенхаген и ХСВ – клубот што сега го доживува како “фантастично место за нов почеток”.
Од момче со сон во трета лига до фигура на германскиот фудбал – Поулсен остава неизбришлива трага и покажува дека лојалноста, посветеноста и срцето сè уште се вреднуваат во модерниот фудбал.
𝑾𝒆𝒍𝒄𝒐𝒎𝒆 𝒕𝒐 𝑯𝒂𝒎𝒃𝒖𝒓𝒈, Yussuf #Poulsen! #nurderHSV pic.twitter.com/kAXUoc0EFM
— HSV English (@HSV_English) July 13, 2025



