Крај на полусезоната за Де Брујне: Го чека долга пауза!

Објавено:

Огромни проблеми за Наполи и за репрезентацијата на Белгија откако пристигнаа најлошите можни вести, Кевин Де Брујне ќе биде надвор од терените со месеци поради сериозна мускулна повреда.

Според најновите информации, белгискиот магионичар заработил повреда од висок степен на бицепс феморис мускулот на десната нога. Најбизарниот дел од целата ситуација е што повредата настана во моментот кога тој го изведуваше пенал на дерби натпреварот против Интер во саботата.

Првичните тестови ја потврдија сериозноста на повредата и сега е јасно дека го чека долг период на рехабилитација. Ова е огромен удар за амбициите на Наполи во Серија А и во Лигата на шампионите, како и за Белгија во пресрет на следните репрезентативни предизвици.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено