Откако се спушти завесата на октомврискиот циклус во Лигата на нации и репрезентативните обврски, време е фокусот да го вратиме таму каде што секој викенд е вистински спектакл – клупскиот фудбал. Англиската Премиер лига викендов се враќа на малите екрани, па пред топката повторно да се стркала на Островот, време е за еден брз потсетник: каде точно ги оставивме екипите по првите пет одиграни кола?
Од перфектен старт до 115 обвиненија: Како Сити ќе реагира против Ливерпул?
Најголемото прашање пред стартот на сезоната беше како Манчестер Сити ќе функционира во ерата по Пеп Гвардиола. Енцо Мареска ја започна својата мисија беспрекорно – пет победи од пет натпревари, а тимот со реконструиран среден ред изгледаше моќно и енергично. Но, токму кога заминаа на репрезентативна пауза, фудбалот падна во втор план, а главна тема на Островот станаа фамозните 115 обвиненија за финансиски прекршувања.
Сега, кога клупскиот фудбал се враќа, најголемата енигма е како овој огромен притисок и неизвесноста околу драстичните казни ќе се одразат врз психата на играчите. Вистинскиот тест за тоа дали Мареска може да го изолира тимот од вонтересните скандали доаѓа веднаш, затоа што Сити го очекува џиновско дерби против Ливерпул.
Од другата страна, и покрај неочекуваниот пораз од Брaјтон пред самата пауза, Арсенал сè уште ја носи етикетата на главен фаворит за круната. Составот на лондонскиот клуб е неверојатно широк (нивната клупа веројатно би се борела за Топ 4), а тимот е доволно зрел за да го издржи шампионскиот маратон.
Де Зерби и Керик во безизлезна ситуација: Кој тоне најбрзо?
Додека на врвот се водат тактички и психолошки битки, воведот во сезоната донесе вистински хорор за неколку великани, а на врвот на таа листа е Тотенхем. „Спарси“ потрошија преку 300 милиони фунти летово, но новиот менаџер Роберто Де Зерби изгледа како да нема идеја кои му се најдобрите 11. Без сигурен голман, без класичен центарфор, без ниту една победа и со само два постигнати гола, алармот во Северен Лондон ѕвони на најсилно. Тринеделната пауза веројатно најмногу им годеше токму ним за да се обидат да ги средат мислите.
Не е ништо подобро ниту во Манчестер Јунајтед. Мајкл Керик делува безидејно во нападот, а и покрај солидните моменти во средниот ред благодарение на Јури Тилеманс, одбраната на „Црвените ѓаволи“ останува нестабилна. Заедно со Челси, кој одигра катастрофално во последните две кола, овие гиганти ризикуваат уште еднаш да се изгубат во својот негативен циклус.

Освежувањата на сезоната: Хал Сити, Брaјтон и неколку брилијантни голмани
Она што најмногу радува на стартот на оваа сезона е нејзината непредвидливост и храброста на условно кажано „помалите“ екипи. Хал Сити и нивниот менаџер Сергеј Јакировиќ се апсолутен хит – нивната победа над Јунајтед не беше случајна. Јакировиќ покажа дека нема менаџерско его и припрема посебен план за секој противник. Истовремено, Брaјтон под водство на Фабијан Хурцелер игра храбар, офанзивен фудбал со кој веќе успеа да го шокира Арсенал.
Летниот преоден рок донесе и неколку тивки, но клучни трансфери. Јапонецот Зајон Сузуки мајсторски го замени Емилијано Мартинез на голот на Астон Вила, носејќи неверојатна смиреност, додека грчкиот чувар на мрежата Константинос Ѕолакис (Хал Сити) веќе има зад себе спектакуларни одбрани против најголемите фаворити.
На дното, Ковентри и Фулам веќе изгледаат како главни кандидати за испаѓање, но со уште 33 кола пред нас, вистинската битка допрва започнува.
Подгответе се, Премиер лигата се враќа!






