Крај во Бергамо: Аталанта го отпушти Јуриќ по само 15 натпревари!

Објавено:

Иван Јуриќ повеќе не е тренер на Аталанта. Хрватскиот стратег доби отказ по само 15 натпревари на клупата на тимот од Бергамо, откако клубот потврди дека заедно со целиот свој стручен штаб е ослободен од должност.

Катастрофалниот пораз од Сасуоло (0:3) во неделата беше последниот удар. Овој резултат ја спушти Аталанта на 13-тото место во Серија А и ги натера челниците да ја пресечат приказната која никогаш не тргна во вистински правец.

Извор: https://x.com/Atalanta_BC

Јуриќ пристигна летово како наследник на легендарниот Џан Пјеро Гасперини, кој замина во Рома по освојувањето на трофејот во Лига Европа во сезоната 2023/24 и историско трето место во лигата. Но, наместо континуитет на успехот, следуваше пад со само две победи во 11 кола и безидејна игра која ја избриша препознатливата „бергамска енергија“.

Хрватот и претходно имаше турбулентен период, а по кратката епизода во Саутемптон, каде беше отпуштен по 108 дена, враќањето во Италија требаше да биде нов почеток. Наместо тоа, Јуриќ повторно завршува предвреме, со уште една неуспешна авантура на своето CV.

Иронично, додека тимот тоне во Серија А, Аталанта во Лигата на шампионите има сосема пристоен скор од седум бода по четири натпревари, што ја прави смената уште повпечатлива.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено