Иако Светското клупско првенство во фудбал досега не донесе некоја особена возбуда или посетеност на натпреварите, сепак кога играат “Кралевите” секогаш го привлекуваат вниманието, па дури и на Хард Рок Стадионот во Мајами.
Но, сепак фудбалската пресметка не помина како што очекуваа од Реал Мадрид, па тие успеаја да дојдат само до нерешен резултат од 1:1 во натпреварот со арапскиот Ал Хилал.

Ова беше прв натпревар на клупата на своите нови тимови и за двајцата стратези кои сами по себе се фудбалски легенди. Имено, на клупата на Реал Мадрид за прв пат се најде Џаби Алонсо, а од другата страна го надмудруваше Симеоне Инзаги кој застана на кормилото на Ал Хилал.
Реал Мадрид имаа шанса за втор гол од пенал во судиското надополнување по истекот на регуларниот дел, но Фредерико Валверде не успеа да го совлада Боно кој беше “играч на натпреварот” на голот на Ал Хилал.
Ако сакате да ги следите бесплатно натпреварите од Светското клупско првенство, тука можете да го погледнете нашиот детален водич!





