Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов предизвика лавина од коментари и шпекулации со својата последна објава на социјалните мрежи. Тој објави видео со неговите најдобри моменти од изминатата сезона 2024/2025, заблагодарувајќи му се на полскиот клуб Јагелонија за укажаната доверба.
Оваа криптична објава веднаш отвори дилема кај навивачите: дали ова е само формална благодарност до клубот каде што играше како позајмен играч, или е најава за неговиот следен чекор во кариерата?
View this post on Instagram
Она што е факт е дека позајмицата на Чурлинов во Јагелонија официјално заврши на 30 јуни. Тој сега, барем на хартија, се враќа во својот матичен клуб, Барнли – тим во кој, што поради повреда, што поради несреќни околности, за жал никогаш не доби вистинска шанса. Ситуацијата е уште поинтересна бидејќи Барнли од оваа сезона избори учество во англиската Премиер лига, а договорот на Чурлинов, кој беше купен од Штутгарт за 3.5 милиони евра, трае до летото 2026 година.
Сепак, и покрај враќањето во Англија, се очекува Чурлинов повторно да биде отстапен од Барнли. Останува да видиме дали тоа ќе биде нова позајмица или пак перманентен трансфер во нов клуб кој ќе ги препознае неговите квалитети.