Кристал Палас со изјава: “Некои клубови имаат уникатни привилегии”

 

Објавено:

После вчерашната одлука на арбитражниот суд за спорт Кристал Палас да бидат исклучени од Лига Европа, денес од клубот се огласија со официјална изјава, во која ја обвинија УЕФА дека има различни стандарди за донесувањето одлуки, во зависност од големината на клубот.

“Во време кога треба да ја славиме нашата победа и освојувањето на Комјунити Шилд на Вембли, одлуката на УЕФА која ја потврди арбитражниот суд за спорт докажаа дека спортските успеси се безначајни. Кога го освоивме ФА Купот против Манчестер Сити на тој незаборавен ден во мај, нашиот тренер и играчите си го заслужија правото да играат во Лигата на Европа. Сега таа можност ни е одземена”, се вели на почетокот на соопштението.

“Изгледа дека некои клубови, организации и индивидуалци имаат уникатни привилегии и моќ. Ова нездраво влијание кое само се зголемува ги уништи сништата и надежите на навивачите на Кристал Палас и не дава добра слика за тимовите со аспирации низ цела Европа, кои се борат за напредок, бидејќи правилата и казните очигледно се аплицираат на нерамномерно на најочигледен начин”, велат од клубот.

Извор: https://x.com/CPFC

Тие се осврнаа и за причините за исклучувањето, за наводната мулти-структура на клубот, која претходно ја негираше и претседателот на клубот: “Структурите на мулти-клубови се кријат зад фасадата на ‘слепа доверба’, додека клубови како нашиот, кои немаат никаква поврзаност со друг клуб, се спречени да играат во иста конкуренција”.

“Иако ќе продолжиме да бараме правни совети за следните чекори, ние ќе се натпреваруваме во Конференциската лига со истата одлучност и желба за победа која го карактеризира овој неверојатен клуб”, се вели на крајот на соопштението, кое во целост можете да го прочитате на нивната веб страна.

Инаку, Кристал Палас кои немаа освоено трофеј цели 119 години, успеаја за само четири месеци да победат два големи ривали за да дојдат до првите два трофеи после повеќе од еден век, па можете само да замислите колкава била радоста кај поддржувачите на клубот и разочараноста од одлуката на УЕФА.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено