13.8 C
Skopje

Квалификации за СП: Шок на Фарските Острови, “десетка” на Австрија, сигурни фаворити

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва се одиграа голем број натпревари од квалификациите за Светското првенство во 2026 година, а вечерта ја одбележаа неколку очекувани, убедливи победи на фаворитите, но и една вистинска сензација: историскиот триумф на Фарските Острови над Црна Гора.

Група Л: Сензација на вечерта – Фарските Острови ја “торпедираа” Црна Гора!

Најголемото изненадување на вечерта се случи во Торшавн, каде што репрезентацијата на Фарските Острови приреди вистинска сензација, декласирајќи ја Црна Гора со неверојатни 4:0. Ова е еден од најголемите успеси во историјата на малиот островски народ. Херои на натпреварот беа Арни Фредериксберг и Ханус Соренсен, кои постигнаа по два гола.

Во дербито на групата, Чешка и Хрватска одиграа тврд натпревар без голови, 0:0.

Група Х: Австрија броеше до десет, драма на Кипар

Австрија немаше милост кон Сан Марино и го забележа најубедливиот триумф на вечерта, победувајќи со 10:0. Блескаше ветеранот Марко Арнаутовиќ, кој постигна дури четири гола.

Многу подраматично беше на Кипар, каде што домашната репрезентација успеа да извлече бод против Босна и Херцеговина (2:2) со гол од пенал во 96-тата минута, кој го реализираше Јоанис Питас.

Група Ц: Данска и Шкотска со сигурни чекори

Данска на гостински терен ја декласираше Белорусија со 6:0. Расмус Хојлунд и Андерс Дрејер постигнаа по два гола. Во вториот натпревар од групата, Шкотска на домашен терен беше подобра од Грција со 3:1.

Група Г: Холандија лесно против Малта, Финска со пресврт

Холандија без проблеми славеше на гостувањето кај Малта со 4:0. Коди Гакпо постигна два гола од пенал. Во вториот дуел, Финска со пресврт во второто полувреме ја совлада Литванија со 2:1.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено