Ла Лига во дух на носталгија: Зошто шпанските клубови викендов ќе носат ретро дресови?

 

Објавено:

Љубителите на шпанскиот фудбал овој викенд ќе имаат прилика да уживаат во вистинско патување низ времето. Дури 38 од вкупно 42 екипи во првите две дивизии на Шпанија ќе настапат во специјални ретро дресови, како дел од уникатната кампања на Ла Лига за прослава на историјата, културниот идентитет и навивачките традиции на клубовите.

Ова е првпат една од петте најсилни европски лиги да спроведе ваква координирана акција, која претходно беше видена само во спортови како австралиското рагби. Ние претходно ви го најавивме, сега ве потсетуваме.

Реал Мадрид е единствениот кој одби, Барса со логистички проблеми

Иако идејата е масовна, нема да ги видиме сите гиганти во „старо руво“. Реал Мадрид е единствениот клуб кој целосно одби да учествува во оваа иницијатива. Од друга страна, Барселона, Рајо Ваљекано и Хетафе ја поддржуваат кампањата, но поради логистички причини нема да носат нови дресови на теренот, иако се вклучени во останатите активности.

Ретро атмосферата ќе биде комплетна – судиите ќе носат специјална опрема, телевизиските преноси ќе користат графика инспирирана од минатите децении, а дури и топката со која ќе се играат мечевите ќе биде во винтиџ стил.

Ла Лига веќе го користи старото лого на социјалните мрежи, а објавува и „ретро“ моменти.

Спој на фудбалот, модата и културата

Колекцијата на овие дресови беше претставена на модната недела во Мадрид, што е јасен сигнал дека Ла Лига сака да го позиционира фудбалот во срцето на културниот и креативниот разговор.

„Ова ни овозможува да го пренесеме минатото во сегашноста, зајакнувајќи го наследството кое емотивно ги поврзува навивачите со нивните клубови“, изјави Хаиме Бланко, директор во Ла Лига.

Зошто фудбалот е опседнат со носталгија?

Експертите сметаат дека порастот на популарноста на ретро дресовите (индустрија вредна речиси 40 милиони фунти) е одговор на денешниот „роботски“ фудбал. Во ера на ВАР, строги тактички системи и преморени играчи, носталгијата нуди враќање кон времето кога во играта имаше повеќе индивидуалност, карактер и слободно изразување.

Клубовите како Арсенал, ПСЖ, па дури и Јувентус, сè почесто користат вакви дизајни за да привлечат помлада публика која е заинтересирана за модата и музиката, а не само за сувата статистика на теренот. Овој викенд, Шпанија ќе биде центарот на тој свет.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено