Фудбалскиот клуб РБ Лајпциг ова лето го продаде својот најдобар напаѓач, словенечкиот фудбалер Бенјамин Шешко, кој после долга сага реши да ја продолжи својата кариера во Манчестер Јунајтед.
Сега, како што пишува спортскиот новинар за трансфери Фабрицио Романо, тие веќе ја најдоа замената којашто ја сакаа за Шешко, па веќе бил договорен трансферот на Ромуло од Гозтепе.
Станува збор за трансфер вреден 20 милиони евра, со дополнителни 5 милиони евра во бонуси, а во договорот бил вклучен и процент од идната продажба на играчот.
Со ова клубот ја носи во своите редови замената за Шешко која отсекогаш била нивна цел, па Лајпциг можат да бидат задоволни од зделката која ја направија со Манчестер.



