Селекторот Кирил Лазаров ги тргна сите дилеми и официјално го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за претстојното Европско првенство. По завршувањето на базичните подготовки, македонската експедиција се подготвува за лет кон Швајцарија, каде преку силни контролни мечеви ќе се бруси формата за големата сцена.
Од претходниот поширок список отпаднаа повредениот Томислав Јагуриновски, како и Мартин Ивановски од Алкалоид, па Лазаров се одлучи за проверени 19 имиња кои ќе го поминат последниот филтер на „Жолтиот куп“.
Составот на Македонија за ЕП 2026:
- Голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски, Иван Галевски.
- Леви крила: Петар Атанасијевиќ, Иван Џонов.
- Десни крила: Ненад Костески, Никола Костески.
- Средни бекови: Марко Митев, Игор Ѓорѓиев.
- Леви бекови: Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ, Дамјан Митев.
- Десни бекови: Мартин Серафимов, Мартин Велковски.
- Пивоти: Жарко Пешевски, Михаил Аларов, Никола Маркоски, Марко Стојковиќ, Самоил Ристевски.
Последна проверка: „Жолтиот куп“ во Швајцарија
Пред да се упатат кон Хернинг, македонските ракометари од четврток до сабота ќе настапат на квалитетниот турнир во Швајцарија. На мегдан ќе излеземе против домаќинот Швајцарија, Бахреин и Украина. Овие три меча ќе бидат клучни за воигрување на тактичките замисли на стручниот штаб.
Македонија е во исклучително тешка група на ЕП, каде нè чекаат дуели со светскиот првак Данска, секогаш незгодната Португалија и амбициозната Романија.



