ЛЕГО со интересен подарок и честитаа на Швјонтек за победата на Вимблдон

 

Објавено:

Изминатиот викенд полската тенисерка Ига Швјонтек за прв пат во кариерата го освои трофејот на престижниот тениски турнир Вимблдон.

За време на турнирот таа на неколку наврати ги насмеа и изненади фановите со изборот на своето омилено јадење, кое во најмала рака е невообичаено. Станува збор за тестенини со јагоди, а самата тенисерка се пошегува дека сигурно ќе ги налути Италијаните со таквиот рецепт.

Извор: https://tt.tennis-warehouse.com

Сега на шегата се приклучи и популарниот бренд на коцки “LEGO”, кој сè почесто почна да се појавува и во светот на спортот.

Тие на победничката на Вимблдон и испратија персонализирана јагода направена од 3,000 лего коцки во чест на освоената титула и нејзината љубов за тестенините со јагоди.

Извор: https://tt.tennis-warehouse.com
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено