Леклер и Хамилтон ги смируваат тензиите во Ферари по судирот во Лас Вегас: „Сите сме разочарани“

 

Објавено:

Пред претпоследната трка од сезоната во Катар, главна тема во Формула 1 останува атмосферата во Ферари по новиот меѓусебен инцидент на Шарл Леклер и Луис Хамилтон. По тензичните дуели во Монца и Мексико, двајцата возачи минатиот викенд имаа контакт во Лас Вегас при обид на Леклер за престигнување, по што тој заработи казна од десет секунди и заврши десетти, а Хамилтон седми.

Шефот на тимот, Фред Васер, веднаш го оцени судирот како „неприфатлив“ и обвини за „недостиг на почит“. Двајцата возачи во четвртокот одржаа итен состанок во Катар, но Ферари цврсто одбива да открие какво решение или нови правила се договорени за финишот на сезоната.

Леклер презеде одговорност и демантираше повластен статус

Леклер отворено призна дека расположението во тимот не е добро и се согласи со критиките на Васер, нагласувајќи дека ја презел одговорноста за инцидентот во Лас Вегас.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

„Сите сме разочарани од ситуацијата во која се наоѓаме, работите во моментов не функционираат. Ние сме двајца силни возачи, но во Монца, Мексико и Лас Вегас имаше премногу вакви моменти. Како тим не смееме да си дозволиме судири меѓу клупски колеги и мора да најдеме компромис“, изјави Леклер.

Возачот од Монако искористи прилика остро да ги демантира и гласините што се појавија по трката дека во договорот има клаузула за статус на „возач број еден“.

„Апсолутно немам никаква таква клаузула, ниту некогаш сум ја сакал. Во Ферари сум од 2019 година и најмногу ме боли кога некој ја доведува во прашање мојата љубов и интегритет кон тимот. Ќе направам сѐ за да го вратам Ферари на врвот“, порача Леклер.

Хамилтон не чувствува тензија, целта е второто место кај конструкторите

Луис Хамилтон настапи далеку посмирено, оценувајќи ги разговорите во Катар како позитивни, но и тој порача дека одлуката за евентуални правила на патеката е во рацете на Васер.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

„Сѐ останува интерно. Лично не чувствувам тензија, однадвор сѐ изгледа понапнато отколку што е внатре во тимот. Сѐ уште сме слободни да се тркаме и не се сомневам дека ќе најдеме решение, исто како што сум успевал со сите претходни колеги“, изјави Хамилтон, најавувајќи дека подлабоките промени во комуникацијата ќе се прават во зимската пауза.

Откако Мерцедес и Кими Антонели веќе ги обезбедија шампионските титули, главен приоритет за Ферари во Катар и Абу Даби останува одбраната на второто место кај конструкторите. Тимот од Маранело има 77 бода предност пред Ред Бул, но со оглед на тоа што Макс Ферстапен победи на четири од последните шест трки, Леклер и Хамилтон немаат простор за нови меѓусебни грешки.

Следете нѐ: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено