Кога татко ти е шефот, перформансите се чини дека се опционални. Ова е заклучокот на Ф1 фановите откако Forbes ја објави листата на заработки за сезоната 2025, која открива шокантни податоци за возачот на Астон Мартин, Ленс Строл.
Додека Ландо Норис ја слави титулата, а Макс Верстапен брои милиони, Ленс Строл може да се пофали со една неславна статистика, тој беше елиминиран во првиот квалификациски сегмент (К1) дури 15 пати оваа година, повеќе од кој било друг возач.
Плата за „плачење“ (од смеа)
И покрај очајните резултати, Ленс Строл има загарантирана основна плата од 14,74 милиони долари (22 милиони AUD), што е повисока од основната плата на докажани ѕвезди како Оскар Пјастри, Џорџ Расел и Карлос Саинц, кои имаат основна плата од околу 10 милиони долари.
Секако, благодарение на бонусите за успеси (нешто што на Строл му е непознато), Пјастри и Расел на крајот заработиле повеќе вкупно, но фактот што „тато Лоренс“ му дава повисока стартна плата од докажани победници е предмет на потсмев.
- Макс Верстапен – $76,05 милиони (Плата: $65м + Бонуси: $11,05м)
- Луис Хамилтон – $70,85 милиони (Плата: $70,35м + Бонуси: $0,5м)
- Ландо Норис – $57,9 милиони (Плата: $18,1м + Бонуси: $39,8м)
- Оскар Пјастри – $37,5 милиони (Плата: $10,05м + Бонуси: $27,45м)
- Шарл Леклер – $30,15 милиони (Плата: $30,15м + Бонуси: $0)
- Фернандо Алонсо – $26,6 милиони (Плата: $24,1м + Бонуси: $2,5м)
- Џорџ Расел – $20,77 милиони (Плата: $10,05м + Бонуси: $10,72м)
- Ленс Строл – $16,21 милиони (Плата: $14,74м + Бонуси: $1,47м)
- Карлос Саинц – $13,06 милиони (Плата: $10,05м + Бонуси: $3,01м)
- Кими Антонели – $12,06 милиони (Плата: $4,69м + Бонуси: $7,37м)
„Непотизам на најјако“
Социјалните мрежи „горат“ од коментари. Фановите на Facebook беа безмилосни:
„Мала цена што треба да се плати за фактот дека татко му го спаси тимот,“ иронично коментира еден фан, додека друг додава: „Непотизам во најдобар сјај. Ова е сон на секој родител, да го обезбеди детето вака“.
Најсуровите коментари го нарекоа „window licker“ (жаргон за некој што не е многу бистар), додека други истакнаа дека тој едноставно „нема страст и знае дека седиштето му е безбедно“.
Верстапен е Бр. 1 и во заработувачка сезонава
На врвот на листата е Макс Верстапен со вкупна заработка од 76 милиони долари (USD), следен од Луис Хамилтон со скоро 71 милион, иако Британецот имаше тешка сезона во Ферари без ниту еден подиум.
Ленс Строл се најде на 8-мото место на вкупната листа на најбогати возачи, веднаш зад Џорџ Расел, но пред Карлос Саинц и Кими Антонели.



