Левандовски ќе го пропушти стартот на сезоната за Барса

Објавено:

Барселона ја започнува новата сезона во Ла Лига со натпреварот против Мајорка во сабота вечер. Но, Ханси Флик ќе мора да го подготви тимот со кој располага, откако поголемиот дел од претсезонските подготовки помина во знакот на регистрацијата на новите играчи.

Во меѓувреме, “Mundo Deportivo” известува дека ѕвездата на Барселона, Роберт Левандовски со сигурност ќе биде изоставен од гостувањето во Мајорка овој викенд.

Полскиот фудбалер се соочува со проблеми на задната ложа од левата нога, поради што мораше да го пропушти натпреварот за Гампер трофејот, а по сè изгледа ќе мора да отсуствува и од натпреварот за отворање на новата сезона.

Левандовски не бил во можност да се приклучи ниту на тренинзите изминатава недела, па сè поизвесно е дека неговото место ќе го заземе Феран Торес на мечот против Мајорка, бидејќи Маркус Рашфорд сè уште не е регистриран за да може да игра во Ла Лига.

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено