Лидерот на новата генерација: Јакимовски (25п, 11ск) најавува уште подобри игри на Македонија

Објавено:

Андреј Јакимовски не само што беше најдобар на паркетот, туку и покажа лидерски менталитет по убедливата победа над Азербејџан. Со учинок од 25 поени и 11 скокови, крилото на македонската репрезентација потврди дека е новата движечка сила на националниот тим.

Иако бројките беа импресивни, Јакимовски останува „на земја“, нагласувајќи дека ова е само почеток на циклусот.

„Влеговме како фаворити и го оправдавме тоа“

„Ова е прв добар чекор за нас. Влеговме како фаворити и го оправдавме тоа. Има уште многу до нашата посакувана цел и форма, но сме на добар пат“, изјави Јакимовски по натпреварот, додавајќи дека секогаш е среќен кога го носи националниот дрес.

Пофалби за Мур и фокус кон Ирска

За новиот соиграч Омари Мур, Јакимовски имаше само пофални зборови, но веднаш го префрли фокусот кон следниот предизвик – гостувањето во Даблин.

„Мур е одличен играч, го имаме и Вајли. Овој период е краток, мора да го искористиме за да се воиграме. Нашиот фокус сега е на Ирска. Мислам дека се работи за посилна селекција од Азербејџан“, предупредува Јакимовски пред неделниот натпревар.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено