Вечерва се одигра последниот натпревар од првото коло на новата сезона на Премиер лигата, помеѓу екипите на Лидс Јунајтед и Евертон.
Лидс уште во првото полувреме покажа подобра игра, а фудбалерите создадоа дури 12 шанси наспроти ниту една шанса од страна на гостите, но сепак не успеаја да погодат, па на полувремето резултатот беше 0:0.

Првиот и единствен погодок за домаќините дојде во 83-та минута, кога Лукас Нмеча на својот деби натпревар успеа да погоди од белата точка, откако играчот на Евертон, Џејмс Тарковски играше со рака.
Погледнете ги најдобрите моменти од натпреварот!



