Лина Ѓорческа оди по сонот во Мелбурн: Време е за пласман во главниот турнир на Австралија Опен!

Објавено:

Лина Ѓорческа ја започнува новата сезона таму каде што секој тенисер посакува – на Грен слем сцената. По успешната есенска полусезона и добрите настапи на ВТА турнирите, Лина обезбеди ранг кој и овозможува уште една шанса да се избори за настап меѓу најдобрите светски тенисерки во Мелбурн.

Искуството како предност

Ова ќе биде трето учество за Ѓорческа на Австралија Опен. Сите уште го паметат нејзиниот дебитантски настап во 2017 година кога беше на само еден чекор (пораз во третото коло) од историски пласман во главниот турнир. По минатогодишното искуство, Лина верува дека сега е вистинскиот момент за чекор напред.

„Не може да се има поубав старт на сезоната од Австралија Опен. Се подготвувам за успешен настап. Еднаш бев многу блиску и се надевам дека сега ќе го скршиме мразот. Сон на секој тенисер е да учествува на Грен слем турнирите, па така и за мене“, изјави Лина.

Планови за 2026 година

Освен фокусот на Австралија Опен, Ѓорческа најави дека оваа година нејзиниот календар ќе биде исполнет со повеќе настапи на ВТА турнири, што е јасен сигнал за нејзината амбиција да се искачи уште повисоко на светската ранг-листа.

Лина завршните подготовки ги одработува во Скопје, а за Австралија патува веќе на 4 јануари (недела). Квалификациите во Мелбурн традиционално започнуваат една недела пред главниот турнир, каде цела Македонија ќе навива за нејзиниот успех.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено