Долго најавуваната повторна соработка меѓу шампионот во Премиер лигата, Ливерпул и еден од најпопуларните спортски брендови Адидас, конечно го виде светлото на денот.
Низ историјата Ливерпул и Адидас имаат легендарни соработки, како онаа од 1985 до 1996 година, како и од 2006 до 2012 година, а сега тие повторно најавија повеќегодишна соработка и го објавија дизајнот на новите дресови на денот на стапувањето на сила на новиот договор.

Адидас дресовите идната сезона ќе ги заменат оние од претходните години кои беа дизајнирани во соработка со Најк.
Домашниот и гостинскиот дрес се во препознатливата црвена и бела боја, а на фотографиите погледнете ги и деталите во новиот дизајн. Покрај новиот дизајн, Ливерпул денес ги обелодени и бројките на дресовите на новите играчи, а меѓу нив е и Флоријан Вирц, кој ќе го носи бројот “7”.
Waking up to some squad numbers… pic.twitter.com/Hbl1KSh2vh
— Liverpool FC (@LFC) August 1, 2025



