11.8 C
Skopje

Ливерпул се првиот тим со ваква статистика во Премиер лигата!

Објавено:

Шампионите од минатата година и оваа година ја започнаа сезоната во Премиер лигата со победи, но овој пат тоа го направија со навистина интересна и несекојдневна статистика.

Имено, со голот на Салах во 95-та минута од пенал точката против Барнли и победата од 1:0, Ливерпул станаа првиот тим кој успеал да победи во првите четири натпревари од сезоната со постигнување на победничкиот гол во последните 10 минути од натпреварите.

Ливерпул ја отворија сезоната со резултат од 4:2 над Борнмут, но сепак головите кои им ја донесоа победата пристигнаа во 88-та и 94-та минута.

И на гостувањето кај Њукасл Јунајтед шампионите имаа изедначен резултат, сè до голот на тинејџерот Рио во 100-та минута од натпреварот, за победа од 3:2 на Сент Џејмс Парк.

Дуелот со Арсенал на домашен терен го добија со резултат од 1:0, а спектакуларниот погодок од слободен удар кој го постигна Доминик Собозлаи исто така пристигна при крајот на мечот, односно во 83-та минута.

Погледнете ги сите “доцни” голови на Ливерпул.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено