Ливерпул се врати на победнички пат, но со висока цена – повреди за Исак и Фримпонг

Објавено:

Ливерпул конечно ја прекина серијата од четири порази со убедлива победа од 5:1 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампионите, но триумфот на тимот на Арне Слот беше засенет од нови проблеми со повреди.

Главната грижа е состојбата на напаѓачот Александер Исак, кој мораше да ја напушти играта на полувремето поради болка во препоните. “Алекс имаше неколку добри обиди, но не можеше да продолжи. Тоа е балансот што се обидуваме да го најдеме со него. Кога дојде, беше без доволно тренинг, па го воведувавме постепено”, изјави Слот по натпреварот.

“Сега дојде моментот кога мислевме дека може да издржи два натпревари неделно, но веднаш почувствува тегоби. Ако беше во ’црвената зона‘, немаше да го пуштиме. Се надевам дека не е сериозно, затоа што доколку отпадне неколку недели, тоа би го вратило чекор назад”.

Извор:https://www.liverpoolfc.com

Дополнителен удар за тимот е и новата повреда на Јереми Фримпонг, кој повторно го повреди задниот мускул на ногата и најверојатно ќе биде надвор од терените “неколку недели”. Холандскиот бек веќе еднаш ја имаше истата повреда оваа сезона и сега повторно се соочува со пауза.

“Со Алисoн и Џовани Леони кои веќе се надвор од комбинација, ова дополнително ја комплицира ситуацијата”, додаде Слот. “Иако сите мислат дека имаме 25 или 30 првотимци, реалноста е дека често мораме да повикаме играчи од младинскиот тим за тренинг 11 на 11”.

Извор: https://x.com/FabrizioRomano

Ливерпул по европскиот настап ќе се врати во акција во сабота со гостување кај Брентфорд, а следната среда ќе го пречека Кристал Палас во осминафиналето од Карабао Купот.

Иако победата во Франкфурт беше импресивна, прашањето сега е дали “црвените” ќе успеат да ја задржат формата без неколку од своите најважни играчи.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено