Ливерпул стравува од долга пауза за Александер Исак

Објавено:

Ливерпул се соочува со сериозен проблем во офанзивата откако летниот рекорден трансфер Александар Исак заработи тешка повреда на долниот дел од ногата за време на победата од 2-1 против Тотенхем. Швеѓанецот, кој влезе од клупата и го отвори резултатот, беше жртва на остар старт на Мики ван де Вен во истиот момент кога упати удар кон голот.

Скапо платен малер за Швеѓанецот

Исак, кој пристигна на „Енфилд“ во септември за рекордни 125 милиони фунти од Њукасл, денеска беше на магнетна резонанца за да се утврди сериозноста на оштетувањето. Менаџерот Арне Слот по натпреварот беше видно загрижен, признавајќи дека не е добар знак кога играчот веднаш бара измена по постигнат погодок без ниту да се обиде да продолжи.

„Мораме да почекаме, но реалноста е дека ако играч постигне гол и веднаш побара измена, тоа ретко е добра вест“, изјави кратко Слот.

Проблеми со формата и отсуство на клучните играчи

Оваа повреда доаѓа во исклучително лош момент за Исак, кој се мачеше да влезе во ритам по трансферот, главно поради пропуштените претсезонски подготовки. Ливерпул веќе е значително ослабен во нападот бидејќи Мохамед Салах е отсутен поради настап на Африканскиот куп на нации, додека Коди Гакпо исто така е надвор од стројот поради повреда.

Екитике станува прва опција?

Светлата точка во нападот на Ливерпул во моментов е младиот Французин Хуго Екитике. 23-годишниот напаѓач, кој исто така беше стрелец против Тотенхем, се наоѓа во одлична форма со 11 постигнати голови сезонава. Со оглед на повредата на Исак, токму Екитике ќе го носи товарот на нападот во претстојните клучни натпревари во Премиер лигата.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено