10.8 C
Skopje

Ливерпул тргнаа по играчот на Њукасл, Александар Исак

Објавено:

Ливерпул го направи првиот чекор кон евентуален трансфер на Александар Исак од Њукасл Јунајтед, пренесува “The Athletic”. Иако засега не е испратена официјална понуда, клубот од Енфилд изразил подготвеност да се вклучи во преговори околу трансфер вреден околу 120 милиони фунти.

Ставот на Њукасл останува цврст — шведскиот напаѓач не е на продажба — но Ливерпул не го крие интересот, кој датира уште од претходните сезони.

Исак — вистинска цел за новиот проект

Александар Исак зад себе има блескава сезона во Премиер лигата со 27 голови во 42 натпревари, со што значајно придонесе Њукасл да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Откако пристигна од Реал Сосиедад за околу 60 милиони фунти, Исак има постигнато 62 гола во 109 настапи. Со договор до 2028 година, Њукасл има контрола врз неговата иднина, но интересот од страна на актуелниот првак може да ја смени динамиката.

Новата офанзива на “црвените”

“The Athletic” додава дека Ливерпул сериозно ја анализира ситуацијата на позицијата централен напаѓач, особено по трагичната смрт на Диого Жота, што ја отвори темата за дополнителна офанзивна засилување. Новиот стратег Арне Слот веќе доби засилување во форма на Флориан Вирц, кој пристигна од Баер Леверкузен за рекордни 100 милиони фунти (плус 16 милиони во бонуси), но фокусот останува на класичната “деветка”.

Во исто време, Ливерпул ја одби понудата од Баерн Минхен од 67.5 милиони евра за Луис Диаз, кој јасно ставил до знаење дека сака да замине.

Стратегија за иднината

Како што објаснува новинарот на “The Athletic”, Грег Еванс, интересот за Исак е дел од пошироката стратегија на Ливерпул да остане на врвот и да ја продолжи доминацијата започната со титулата во Премиер лигата минатата сезона.

“Овој потег покажува дека Ливерпул не само што сака да одржи континуитет, туку и да го надгради постојниот успех со уште поголема офанзивна моќ”, вели Еванс. “Исак има веќе потврден квалитет во Премиер лигата, а неговата флексибилност тактички совршено се вклопува во визијата на новиот тим”.

Во случај трансферот да се реализира, Ливерпул би добил фудбалер што може да делува на повеќе позиции во нападот, во комбинација со Мохамед Салах, Коди Гакпо и (засега) Луис Диаз.

Со летниот пазар во полн ек, останува да се види дали Њукасл ќе успее да го задржи својот највреден офанзивец или пак ќе започне нова ера за Исак, овојпат на Енфилд.

Кога започнаа гласините дека Ливерпул тргнува по Исак, од Њукасл на своите социјални мрежи одговорија со фотографија од својот играч и кратко и јасно го ставија само неговото име – Александар Исак.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено