9.8 C
Skopje

Лојал фанс ќе прослават 26 години на дербито на Градски во петок

Објавено:

Навивачката група на ФК Вардар, Лојал Фанс, најави дека овој петок ќе одбележи 26 години постоење за време на дербито на нивниот клуб против битолски ФК Пелистер, на Градскиот стадион во Скопје.

Прославата која била планирана за јубилејот минатата година, морала да биде одложена поради забрана за присуство на трибините, па навивачите решија оваа година да го прослават 26 роденден, токму во храмот на скопскиот фудбал.

Со натпреварите во петок започнува и новата фудбалска сезона на Првата македонска лига, а полните стадиони и тоа како се потребни за поддршка на клубовите.

На навивачите им посакуваме убава прослава, а се надеваме дека оваа година ќе гледаме полни трибини исполнети со сите генерации љубители на фудбалот и спортот воопшто, на сите натпревари на македонските клубови.

Погледнете ја најавата за прославата, која беше објавена на социјалните мрежи на навивачката група Комити.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено