Лудило во Босна: Улиците „експлодираа“, се слави историскиот мундијалски билет!

 

Објавено:

Босна и Херцеговина синоќа не спиеше. Веднаш по последниот реализиран пенал во Зеница, со кој падна големата Италија, низ целата земја започна невидено славје кое ќе траеше до раните утрински часови.

Илјадници навивачи излегоа на улиците и плоштадите да го прослават пласманот на Светското првенство 2026. Автомобилски колони го блокираа сообраќајот во поголемите градови, а ечењето на навивачките песни го означи почетокот на „мундијалската треска“.

Ова е само вторпат во историјата „Змејовите“ да се најдат на најголемата фудбалска сцена, а начинот на кој тоа беше остварено, со победа над четирикратниот светски првак Италија, го направи славјето уште поемотивно. Босна е во делириум, а фудбалот уште еднаш покажа дека е најсилната магија на Балканот!

Погледнете дел од атмосферата.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено