Луис Енрике: Челси се слични на нас, ќе биде тесно!

 

Објавено:

Во пресрет на утрешното финале од Светското клупско првенство, помеѓу двата европски гиганти ПСЖ и Челси, Луис Енрике со внимателна изјава го најави мечот.

И покрај доминантната победа од 4:0 во полуфиналниот меч против Реал Мадрид, сепак од ПСЖ се воздржани кога станува збор за нивниот противник во финалето.

“Челси е клуб кој е многу сличен на нас. Ова ќе биде многу тесен натпревар против физички многу силен тим”, изјави Луис Енрике пред новинарите.

“Навистина ми се допаѓа Енцо Мареска и начинот на кој игра неговиот тим. Тие се технички многу добри индивидуалци и кога треба да се бранат, го прават тоа со пресинг. Тие се многу слични на нас”, додаде тој.

Финалето е закажано за утре од 21 часот, а доколку сакате да го гледате бесплатно на стриминг сервисот “DAZN”, можете да го погледнете нашиот детален водич тука.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено