Луис Енрике: “Тотенхем заслужија да го победат натпреварот!”

 

Објавено:

Шпанскиот стратег и тренер на ПСЖ, Луис Енрике, имаше само пофални зборови за играта на противникот од вчерашното финале во Суперкупот на УЕФА. Тој после натпреварот изјави дека Тотенхем одиграле одличен меч и дека ако победеле тоа ќе било сосема заслужено.

“Тотенхем одиграа одличен натпревар и беа посилни од нас… Не знам дали резултатот на крајот е фер, но тоа е фудбалот”, искрен беше Енрике.

“Првите 80 минути од натпреварот не мислев дека ние ја заслужуваме победата… Тотенхем заслужија да победат. Тие беа во одлична форма и ние го видовме тоа, а ние трениравме само шест дена. Многу бевме среќни во последните 10 минути, а фудбалот е непредвидлив”, додаде тренерот на ПСЖ.

Извор: https://x.com/PSG_inside

Во врска со каде мисли дека лежеше проблемот уште од почетокот на натпреварот и дали краткиот период за подготовка бил одговорен за тоа, Луис одговори: “Апсолутно. Уште од првиот момент кога ја допреа топката, знаев дека ќе имаме проблеми. Кога немате време да тренирате, тешко е да постигнете добри додавања”.

Луис Енрике беше прашан и што мисли за новиот голман, Лукас Шавалие, кој вчера го имаше своето големо деби, откако претходниот голман Џанлуиџи Донарума беше исклучен од тимот за Суперкупот.

“Морам да кажам дека тој има многу силен карактер, што е многу важно ако сакате да останете во клуб како ПСЖ. Многу сум среќен за него и за сите играчи кои дојдоа од клупата денес”, заврши Енрике.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено