Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ги отфрли шпекулациите за негово можно пензионирање, потврдувајќи дека неговиот договор со Ферари е валиден до крајот на 2027 година.
Британскиот возач, кој моментално ја вози својата втора сезона за италијанската екипа, пред претстојното Гранд При во Канада испрати јасна порака до сите кои се обидуваат да го „испратат во пензија“. Хамилтон нагласи дека сеуште е мотивиран, фокусиран и веќе ги крои плановите за следните пет години во мотоспортот.

По бледата дебитантска сезона со Ферари, 41-годишниот Хамилтон покажува подобри перформанси во 2026 година, забележувајќи го својот прв подиум за „Скудерија“ на трката во Кина. Со оглед на големите промени во техничките регулативи најавени за следната година, искуството на Хамилтон ќе биде клучно за развојот на новиот болид во Маранело.



