10.8 C
Skopje

Лука Дончиќ се врати со спектакл: 44 поени и победа над Мемфис

Објавено:

Лука Дончиќ се врати на паркет по пауза од три натпревари поради повреда и веднаш потсети зошто е еден од најдобрите на светот. Со 44 поени, словенечкиот ас ги предводеше ЛА Лејкерс до победа над Мемфис Гризлис со 117-112.

“Чувството е одлично, но победата е најважна”, рече Дончиќ по натпреварот. “Понекогаш тоа значи да постигнувам поени, понекогаш да правам други работи. Целта е секогаш иста – тимот да победи”.

Со оваа партија, Дончиќ стана само вториот играч во историјата на НБА кој ја започнал сезоната со три последователни натпревари со најмалку 40 поени, подвиг кој претходно го остварил само легендарниот Вилт Чембрлен. “Исусе…”, прокоментира Лука кога ја слушна статистиката за Чембрлен.

Дончиќ ја отвори сезоната со 43 поени против Голден Стејт, потоа постигна 49 против Минесота, а сега додаде уште 44 против Мемфис и тоа со најслаба реализација од “само” 51.9%.

Тренерот Џеј Џеј Редик го пофали својот лидер: “Секогаш оди таму каде што сака. Го чита нападот, ја користи секоја грешка на противникот. Тоа е Лука”.

Лејкерс губеа со 15 разлика во втората четвртина, но во второто полувреме одиграа како нов тим. Дончиќ постигна 16 поени во третиот квартал и целосно ја презеде контролата на натпреварот. Остин Ривс додаде 21 поен, додека Маркус Смарт и Џејк Ларавија заедно комбинираа 25.

Со оваа победа, Лејкерс се искачија на биланс 4-2 и забележаа четврта победа во последните пет средби. Следен предизвик е Мајами Хит, во недела во Лос Анџелес.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено