После долги години и бројни успеси во Реал Мадрид, Лука Модриќ оваа сезона реши да го промени клубот, а денес за прв пат можевме официјално да го видиме во дресот на Милан, откако италијанскиот фудбалски клуб ги објави фотографиите на социјалните мрежи.
Легендарниот Лука на 38 години реши кариерата да ја продолжи во Милан, после 13 години плодна кариера во кралскиот клуб, каде остави силен печат кој долго ќе се памети.

Договорот на Модриќ со Милан е на една година, плус опција за продолжување на договорот доколку двете страни се согласат на тоа. За разлика од многуте колеги кои решија на повозрасни години да продолжат во Саудиска Арабија или САД, Лука ќе игра во италијанскиот клуб кој е полн со фудбалска историја.
Ова е обид на Милан да се засили со вистинска тактичка интелигенција и искуство на теренот, откако минатата година завршија на осмото место во Серија А. Фановите на Милан го пречекаа со еуфорија, а во видеото можете да го погледнете топлото добредојде во Милан.
AC Milan fans welcoming Luka Modrić… as he’s now with Zlatan Ibrahimović and directors in club’s headquarters. pic.twitter.com/k9zQhRj20M
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 14, 2025
Му посакуваме многу среќа во новиот клуб на легендата Модриќ и се надеваме дека ќе гледаме уште многу спектакуларни натпревари од него.



