Хрватската фудбалска легенда Лука Модриќ официјално ја заврши својата ера во дресот на Реал Мадрид со последниот меч кој го одигра за кралскиот клуб на Светското фудбалско првенство.
Сега, Лука се поздрави со својот тим во кој испиша историја како никој друг, но како што вели тој “oва не е збогум, ова е довидување”.
Мадрид беше дом на Хрватот цели 13 години. Откако тој пристигна во Реал, многумина го нарекуваа најлошиот трансфер на клубот, но тивкиот фудбалски генијалец сега си оди како најтрофеен играч на клубот и некој кој остави силен белег во историјата на “Кралевите”.

На својот Инстаграм профил Модриќ објави серија на фотографии од неговото време поминато во Мадрид, велејќи дека тоа ќе остане негов дом засекогаш.
Следната дестинација на Модриќ ќе биде во Милан, каде ќе го гледаме од идната сезона.
Погледнете ги најлегендарните моменти за легендата на Реал Мадрид, но и на модерниот фудбал воопшто…
View this post on Instagram



