Магијата на Џордан не избледува: Првата насловна на „SI“ со неговиот лик продадена за рекордни 230.000 долари!

 

Објавено:

Дека Мајкл Џордан е најголемиот бренд во историјата на спортот не е никаква новост, но сумите кои колекционерите се подготвени да ги платат за дел од неговата историја продолжуваат да ја шокираат јавноста. Изминатиот викенд, копија од магазинот „Sports Illustrated“ од 28 ноември 1983 година беше продадена за неверојатни 229.360 долари.

Зошто овој примерок вреди колку луксузен стан?

Ова не е само обично списание. Станува збор за изданието „College Basketball Preview“, каде Џордан за првпат се појавува на насловната страница на престижниот магазин, заедно со неговиот тогашен соиграч од Северна Каролина, Сем Перкинс.

Она што ја крена цената до плафон е сочуваноста. Овој примерок доби оцена 9.6 (од максимални 10) од PSA, што го прави најдобро сочуваниот примерок од овој вид во светот. За споредба, оригиналната цена на списанието во 1983 година изнесувала само 1.75 долари.

Извор: Goldin Auctions

Џордан го држи приматот, Меси далеку зад него

За да сфатите колкава е доминацијата на Мајкл Џордан на пазарот за меморабилија, доволно е да се погледне продажбата на истата аукција на првата насловна страница на Лионел Меси (од јуни 2014 година). Иако беше оценета со уште повисока оцена (9.8), таа беше продадена за „скромни“ 31.720 долари, што е речиси осум пати помалку од Џордан.

Совети за колекционерите: Проверете ги вашите тавани!

Пред да потрчате да ги продавате вашите стари списанија, имајте на ум еден важен детаљ. Највредни се примероците купени од трафика, кои немаат налепници со адреса. Колекционерските примероци кои стигнувале по пошта со залепена адреса на купувачот имаат далеку помала вредност кај професионалните оценувачи.

Мајкл Џордан останува најбараниот спортист на „eBay“ и во 2026 година, а неговите рекорди се чини дека се недостижни:

  • Најскапа картичка: 12.9 милиони долари (заедно со Коби Брајант).
  • Најскап дрес: 10 милиони долари (од финалето во 1998).
  • Најскапи патики: 2.2 милиони долари (Air Jordan 13 од финалето во 1998).

Ако сакате да видите точно за кои патики се работи и сте фан на Џордан, ви препорачуваме да ја прочитате нашата статија со сите Air Jordan патики, која ја направивме по повод 40-от јубилеј на оваа култна соработка.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено