14.8 C
Skopje

Мајами, САД: Нова подадена рака меѓу ФФМ и ФИФА

Објавено:

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, денес се сретна со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, при што му подари дрес од македонската фудбалска репрезентација.

На социјалните мрежи Омераѓиќ ги сподели фотографиите од средбата која се одржа за време на Самитот на ФИФА во Мајами, САД. И претседателот на највисоката “куќа на фудбалот”, во објава на социјалните мрежи изјави дека бил импресиониран од визијата на Омерагиќ за фудбалот во Македонија.

“Разговаравме за тоа како програмата на ФИФА помага за растот на фудбалот и како можеме да ја подобриме фудбалската инфраструктура. Исто така зборувавме и за развојот на младинските активности”, напиша Инфантино.

Се надеваме дека оваа средба ќе значи уште една подадена рака меѓу ФФМ и ФИФА, како и желба наредната година Инфантино да го носи дресот за време на настапите на Македонија на Светското првенство во фудбал.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено