12.8 C
Skopje

Македонецот што воодушеви во САД и МЛС Лигата: Кој е Милан Илоски?

Објавено:

Името Милан Илоски стана главна тема во американскиот фудбал откако овој напаѓач со македонско потекло влезе во историјата на МЛС лигата. Во дресот на својот нов клуб Сан Диего, тој постигна неверојатни четири гола за само 12 минути во победата од 5-3 против Ванкувер, поставувајќи нови рекорди за најбрз хет-трик и најбрз “покер” (четири гола) во историјата на лигата – достигнување со кое не можат да се пофалат ниту легенди како Ибрахимовиќ, Суарез или Меси.

Кој е Милан Илоски и кој е неговиот пат до успехот?

Милан е 25-годишен фудбалер роден во Ескондидо, Калифорнија, од родители со македонско потекло. Неговиот пат до успехот не беше лесен. По импресивната колеџ кариера во дресот на престижниот универзитет UCLA, тој го направи првиот професионален чекор во МЛС со тимот на Реал Солт Лејк, но таму не доби вистинска шанса.

Извор: https://mlsmultiplex.com/ {Rich Lam/GettyImages}

Вистинската преродба на неговата кариера се случи во втората американска лига (USL) со тимот на Оринџ Каунти, каде што експлодираше и во 2022 година ја освои “Златната копачка” како најдобар стрелец во лигата со 22 гола. Овој успех му донесе трансфер во Европа, во данскиот суперлигаш Нордсјеланд. Од оваа сезона, тој е позајмен во својот роден град, во новиот МЛС тим Сан Диего, каде што уште на својот прв натпревар како стартер покажа за каков голгетер станува збор.

ФФМ, време е за акција!

Неверојатната форма на Илоски е јасен сигнал за Фудбалската федерација на Македонија. Иако тој не поседува македонски пасош, неговото потекло ја отвора вратата за таа можност. Да се има напаѓач кој руши рекорди во МЛС е редок луксуз.

А, за тоа како изгледа кога еден напаѓач ќе постигне четири гола за 12 минути, погледнете го видеото:

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено