Македонија без Калин Ивановски против Кипар: Шевченко го објави составот за Дејвис Купот

 

Објавено:

Македонската тениска репрезентација ги започнува подготовките за првиот предизвик во 2026 година. Избраниците на селекторот Горан Шевченко следниот викенд гостуваат на Кипар во рамките на Втората Светска зона од Дејвис купот, но во Никозија ќе мора да бараат успех без својот најдобар играч.

Ивановски останува во САД

Најголемиот хендикеп за нашиот национален тим е отсуството на Калин Ивановски. Според информациите од неговиот тим, Ивановски моментално се наоѓа во САД, а проценката е дека тој сè уште не е на потребното ниво на подготвеност за да одговори на репрезентативните обврски.

Во негово отсуство, боите на Македонија ќе ги бранат: Стефан Мицов, Амар Хусеиновиќ, Кристијан Јанев и Марко Алексовски. Иако овој состав е конечен за патувањето, селекторот Шевченко напомена дека правилата дозволуваат промена на играчите до еден ден пред официјалниот старт на мечевите.

Copyright: sportstation.mk

Што не очекува во Никозија?

Домаќинот Кипар ќе настапи во состав предводен од Мелиос Естатиу (787. на АТП листата), а тимот го комплетираат Фотиадес, Кембел, Мегалемос и Неос.

Натпреварите ќе се играат на тврда подлога според следниот распоред:

  • Сабота (7 февруари): Два сингл меча.
  • Недела (8 февруари): Меч во двојки (дубл), по што следуваат преостанатите два сингл меча.

Македонските тенисери веќе одработија неколку тренинзи во Скопје, а патот кон Кипар е закажан за понеделник.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено