1.8 C
Skopje

Македонија достоинствено се прости од сонот за СП (21:23)

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред преполната сала и одличната атмосфера во Битола, македонската женска ракометна репрезентација вечерва го одигра баражот со Полска, кој иако заврши со пораз од 21:23 за нашите девојки, сепак не остави простор за жестока критика или осуда.

Репрезентативките, предводени од селекторот Грчевски на клупата, одиграа рамноправен натпревар со селекцијата на Полска, трудејќи се постојано да дојдат до позитивен резултат и да ги анулираат четирите голови разлика од првиот натпревар кој се одигра во Кошалин, но сепак пресудни беа бројот на технички грешки и разликата во квалитетот.

Сепак, Полска е во првите 10 репрезентации во Европа, а вечерва се покажа уште еднаш дека тоа не е случајно. Македонските репрезентативки играа борбено и покажаа дека можат да се носат со една европска репрезентација, а останува само да се прашуваме каков ќе беше исходот без 15-те технички грешки.

За пофалба беа и домаќините во Битола, кои уште еднаш покажаа дека се огромни вљубеници во ракометот и заслужуваат повеќе важни натпревари да се играат во салата “Боро Чурлевски”.

Македонија повторно останува без учество на Светското првенство, а последен пат се појави на големото натпреварување во 2007 година.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено