Македонија подобра од Светот: Ташовски МВП, Ефремовски и Самервил ги собраа индивидуалните награди

Објавено:

Македонските кошаркарски ѕвезди покажаа дека се посилни од интернационалците! Во главниот настан на „Ол-стар Скопје 2025“, селекцијата на Македонија славеше победа над тимот на Светот со резултат 119-115 во натпревар полн со атракции, пресврти и мајстории.

Иако „странците“ (предводени од Николас со 22 поени) го контролираа резултатот во поголемиот дел од мечот и на полувреме заминаа со предност од 65-69, домашните кошаркари се разбудија во финишот. Со цврста одбрана и прецизен шут во последната четвртина, Македонија направи целосен пресврт за радост на публиката во СРЦ „Кале“.

Ташовски најкорисен, Златевски со „Стеф Кари момент“

Признанието за МВП (Најкорисен играч) на натпреварот заврши во рацете на Виктор Ташовски (ТФТ), кој постигна 19 поени и беше клучен за победата. Одлични беа и Петков (14 поени) и Андоновски (13 поени).

Извор: https://mkd.basketball/

Сепак, потегот на вечерта го имаше Виктор Златевски (Феникс 2010). Тој ја крена салата на нозе во третата четвртина, погодувајќи луда тројка од својата половина со звукот на сирената, во стилот на Стеф Кари!.

Ефремовски и Самервил – кралеви на атракциите

На полувремето се одржаа и традиционалните натпревари:

  • 🎯 Тројки: Очекувано, Виктор Ефремовски (Работнички) ја оправда фаворитската улога и во финалето го победи Џавон Грин.
  • ✈️ Забивања: Американецот Рејмонд Самервил (ТФТ) леташе највисоко и во тесна битка го победи Дамјан Стојановски за титулата најдобар забивач.
Извор: https://mkd.basketball/

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено